Во прв ред

Зајечар уживаше во звуците и музиката на Влатко Стефановски и Џибони

Неодамна на отворањето на познатата “Гитаријада” во Зајечар, Србија се појавија познатиот македонски гитарист Влатко Стефановски и хрватскиот и балкански кантавтор Џибони, кои пред 80.000 илјадна публика имаа заеднички двочасовен концерт. Тие по завршување на концертот неколку пати биле враќани на сцената за бис. Видно изненадени и позитивно расположени за српските медиуми Стефановски и Џибони изјавиле:

“Гитаријадата израсна во голем фестивал. Младите живеат за него и затоа вечерва беа во толку голем број. Би сакал да трае 365 дена во годината. Кога веќе имате канцеларија на фестивалот која работи секој ден, би можеле да имате свирки секоја ноќ и луѓето наместо во аптека таму да доаѓаат по лек”, истакнал Стефановски. Тој додал дека се радува кога гледа млади и талентирани луѓе.

“Успехот не ме фасцинира, туку талентот. Искрените зборови, емоциите и мелодиите кои ја красат музиката на Џибони. Да дојде Бијонсе не може да ме воодушеви, иако е сјајна пејачка”, заклучил нашиот македонски гитарист, а со него се сложил и неговиот колега од Хрватска. Мора да напоменеме дека познатиот Џибони се враќа во Зајечар по речиси триесет години од настапот на тогаш познатата група “Осми путник”.

Dziboni_Zajecar_Gitarijada2015“Ние бевме бенд кој носеше инструменти на грб неколку километри за да дојде на проба. Не можам да ја споредам таа свирка со вечерашниот настап. Бевме многу подобри отколку што се слуша тоа на албумите. Првата пофалба во кариерата уште како тинејџери ја добивме од Влатко. Бевме заедно на телевизија во некоја емисија. Не се осмелив да му пријадам, бидејќи тој за мене беше Кеопс. Тогаш тој ми пријде, тоа и денес го паметам. Повторно се сретнавме во 1998-та година. Тој е човек кој нема его. Имав среќа да му се допаднат моите песни”, изјавил познатиот хрватски кантавтор.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: