Поради брзото распродавање на првиот концерт, обезбеден е уште еден термин за уште една интимна средба со Владо Јаневски во Македонска филхармонија, на 25-ти ноември.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (22-ри септември) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија.
Важно: Поради зафатениот распоред на Македонска филхармонија, голема е веројатноста вториот концерт да е и последен при проектот „Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски“.
Бидете брзи…