Во прв ред

Закажан втор концерт на „Фрајле“ во Македонска филхармонија

После брзо распродадениот прв концерт на женското трио „Фрајле“ во Скопје, во склоп на нивната балканска турнеја „Moje duše duša”, закажан е и втор концерт во Македонска филхармонија, објавија организаторите.

Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, а сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, ќе имаат можност тоа да го направат на 15-ти март.

Оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие три вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.

Концертите на „Фрајле” предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и токму поради тоа закажани се концерти и во Битола на 13-ти март во Центар за култура, како и во Струмица на 17-ти март во Дом на култура.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Можеби ќе ве интересира: