Во прв ред

Започна со работа новата Бла Бла телевизија

Кон почетокот на месецов, односно, од 4-ти февруари започна со зрачење на позитивна енергија и повеќе од 20 емисии во сопствена продукција – порталот www.blabla.mk. На овој портал покрај “информативните” вести и содржина, веќе почна да се емитува програмата на првиот интернет портал- телевизија за млади и алтернативни луѓе.

Бла Бла тв ќе ја следи македонската урбана, алтернативна сцена: музичари, актери, режисери, поети, спортисти, уметници ќе бидат дел од содржината и уредници на програмата и новите емисии на оваа нова современа платформа која има за цел да го обедини младиот и креативен потенцијал на Македонија.

Во продолжение прочитајте кои се дел од емисиите и секако термините на нивно емитување:

  • Понеделник околу 21:21 “Досие гаражи” (Документарно-музичка емисија која ги следи алтернативните бендови додека имаат проба)
  • Вторник приближно 20:01 “Како да” со Виктор Петров-Викса (хумористична-анти хелпер емисија)
  • Среда одприлика 19:46 “Пресметка” со Иван Николовски (забавно ток шоу)
  • Четврток негде накај 19:19 “Македонштина” (емисија за македонскиот нарав, битие и суштина)
  • Петок горе- долу 19:19 “Драјв бај” со Џака (емисија за музичка култура и ментална гимнастика)
  • Сабота “Пази ваму” со Тина Мицковска (емисија за урбани теми)

Покрај овие емисии во продукција на Бла Бла тв, ќе има и 11 топ листи, повеќе музички монтажни емисии (“Соработки”, “Артист на денот”, “3 по 3 плус факти”, “Хит на денот”, “Лепливи прсти”, “Од А до Ш”, “Затоа”, “Гаџети”), емисијата “Кино и театар, емисијата “Промо бустање” – која следи настани и случувања, промоции на книги, албуми, изложби и многу други интересни содржини.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: