Започна традиционалната манифестација “Звуците на чаршијата”

Од денеска до 18-ти септември во старото градско јадро на Скопската чаршија ќе се одржи 13. традиционална манифестација “Звуците на чаршијата”. Како што информира Културно-информативниот центар-Скопје кој е организатор на настанот, манифестацијата треба да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Град Скопје и Културно-информативниот центар-Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.

Според нив, целта на манифестацијата е преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

Тридневна програма на манифестацијата ќе биде збогатена со литературни дела на писателите, изложба на фотографии и многу други перформанси.

Повеќе на Музика24...