Во прв ред

Заврши четвртиот по ред “Summer beach festival” во Angels cafe Штип (Фото)

Во неделата во организација на тимот на Angels Cafe, во рамките на Штипско културно лето заврши тридневниот “Summer beach festival”. 72 часа позитивна атмосфера, домашните и светски ди џеј, атрактивните танчерки, гостите од цела Македонија и странство, направија плажата во Angels Cafe Штип да биде местото на најдобрата и најголемата забава во Македонија.

Summer Beach FestivalДневните забави беа подеднакво атрактивни за посетителите како и вечерните. Со многу изненадувања и годинава тимот на Angels Cafe се погрижи атмосферата да биде биде вжештена цели три дена. Оние кои успееја навреме да резервираат место на плажата на Angels Cafe уживаа во секој момент на забавата, но и покрај проширениот простор за гости, голем број млади не успеаа да влезата на плажата па настанот за паметење го следеа надвор од плажата.

Summer Beach Festival“Summer beach festival” со својата програма го привлече вниманието на голем број медиуми, кои во изминатите денови известуваа за случувањата на плажата на Angels Cafe и тридневниот фестивал на плажа кој оваа година по четврти пат им понуди на гостите забава од светски рамки, фестивалот доби и своја насловна страна и простор на страниците на еден од најтиражните дневни весници Вест.

Извор: ТВ 24 Вести

Фото: Angels Cafe

Можеби ќе ве интересира: