Заврши “Гастромак 2018” (Видео)

Од 8-ми до 12-ти октомври, Хотелот “Вила Парк” во Струмица и Претседателката на асоцијацијата на шефови на кујни Андријана Алачки, беа домаќини на третиот интернационален гастрономски натпревар “Гастромак Македонија”. На оваа голема манифестација познати гастрономи од целиот свет го одмеруваа своето знаење и вештини и по трет пат потврдија дека со добра идеја и реализација се е можно. Во изминатите четири дена свое учество зедоа околу петстотини реномирани судии, мастер клас предавачи, натпреварувачи како и специјални гости од над триесетина земји од светот. Не случајно самата манифестација се оддржуваше под мотото: “Залче од светските вкусови”.

Последната гала вечер, кога всушност и се доделуваа наградите и се прогласуваа победниците, во присуство на голем број гастрономи, шефови на кујни, судии… беа прогласени најдобрите тимови, готвачи, ресторани. А како најдобри учесници годинава кој што ја добија и Гран При наградата, Градоначалникот на градот Струмица каде и се одржуваше четиридневното кулинарско натпреварување, ја додели на тимот од Романија кои беа пречекани на бината со громогласни аплаузи како и голема поддршка како од колегите така и од присутните во салата со големо: “Браво, браво”.

Оваа година Музика24 како медиум кој што ја поддржа целата манифестација и со своја екипа присуствуваше за целовреметраење на “Гастромак 2018”, ќе се заблагодариме пред се на Претседателката на “Гастромак”, почитуваната фолк пејачка и тв водителка Андијана Алачки, како и на Пи-Ар тимот раководен од Ајнур Селманова која што не дозволи ниту за момент нам новинарите да ни фали нешто. Ова е уште еден доказ дека кога се сака се е можно.

ПС: Последната вечер, односно, на самото свечено затворање на овогодинешното трето издание на “Гастомак” како и секогаш после одлично завршениот проект и успешно реализираната манифестација, како дел од екипата, така и новинарите кои беа акредитирани и почитуваната Алачки сите си дозволивме малку опуштена забава во претпознатлив стил. Во продолжение погледнете дел од видеата кои во живо ги пренесувавме на нашата фан страна на свеченото затворање на “Гастромак 2018”.

Gepostet von MUZIKA24.MK am Donnerstag, 11. Oktober 2018

Gepostet von MUZIKA24.MK am Donnerstag, 11. Oktober 2018

Подготви: Иван Јосимовски

Видео/Фото: Музика24.мк/Гастромак

Повеќе на Музика24...