Во прв ред

Здравко Чолиќ на третиот “Струмица Опен Фест” (Видео)

“Десет сцени отворени за Вас!” е годинешното мото на третото по ред издание на големиот музички настан кој традиционално се одржува во градот Струмица “Струмица Опен Фест”. И оваа година како изминатите две, присутните ќе имаат можност започнувајќи од 7-ми па се до 17-ти август да уживаат во секојдневните културно-забавни случувања и активности, а како за крај на годинешната манифестација, последните три дена се разервирани за големите македонско-балкански музички имиња.

Програмата на третото овогодинешно издание на “Струмица Опен Фест” е следна:

На првиот ден од отворањето на “Струмица Опен Фест” на 7-ми август први на сцената ќе настапат децата од “Jo-Jo” фестивалот, а потоа од музичкиот дел следат…

Прва вечер (15.08.2014)

  • Струмички таленти
  • Тајзи
  • Бајага и Инструктори и
  • Кирил Џајковски со TK Wonder & MC Wasp

Втора вечер (16.08.2014)

  • Драган Мијалковски
  • Бени и Нон Стоп
  • С.А.Р.С.
  • група “Амадеус” и
  • The Sound Messengers

последната Трета вечер (17.08.2014)

  • Дивизија
  • Дивајн
  • Александра Јанева и
  • ѕвездата на овогодинешното издание на “Струмица Опен Фест” – Здравко Чолиќ

Сите Вие кои сакате добра забава, одлична музика, Ви го препорачуваме “Струмица Опен Фест” кој традиционално се одржува во месецот август, па доколку Ве носи патот накај Струмица или доколку едноставно сакате одлично помината вечер, од веќе приложената програма уште сега може да одберете на која ќе присуствувате, кој и да е Вашиот избор… Нема да зажалите!

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година е медиумски покровител на овој голем музички културно-забавен настан.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: