Во прв ред

Здравко Чолиќ подготви одличен спектакл во Охрид

Секогаш одличниот и неповторивиот, балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ деновиве оддржа голем солистички концерт пред македонската публика и сите оние кои летуваа и беа на продолжен викенд во еден од нашите туристички центри, градот Охрид.

Десетилјадната публика уживаше во најголемите хитови на пејачот, чиј концерт траеше скоро три часа, а со настапот Чолиќ докажа дека годините, сепак не му можат ништо.

Zdravko ColicКако и секогаш досега, така и овој пат, сите оние кои имаа можност и привилегија да бидат на неговиот концерт, по неколку часовната забава и одлично дружење си заминаа со одлични импесии и добар спомен кој веруваме ќе го паметат дооолго време.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: