Во прв ред

Здравко Чолиќ – претконцертно, голема ѕвезда со скромни барања

На 1-ви август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид ќе се оддржи долго најавуваниот голем летен концерт на мега популарниот Здравко Чолиќ, кој како кај повозрасните, препознатлив е и кај младите со многубројните познати хит песни. Организаторите велат дека се е подготвено и дека треба само да бидете расположени и да уживате во хитовите кои веруваме многу добро ги знаете. Чолиќ во Охрид ќе пристигне неколку дена порано, знаејќи дека сака да ужива во убавините на Охрид, како и во одлично подготвената македонска кујна.

Она што е интересно, како што велат самите организатори, е тоа што иако важи едно од најголемите музички имиња од поранешна Југославија, Здравко Чолиќ е скромен и речиси нема никакви барања кои треба да му ги исполнат за време на престојот во Охрид. Единствената работа за која што тој замолил е да добие сместување со поглед на езерото, а така е затоа што е вљубен во градот, кој вели, е единственото место каде може максимално да се опушти и да ужива.

“Охрид е еден од моите омилени градови и таму секогаш одржувам најдобри концерти. Македонците се распеана нација и навистина ми претставува задоволство кога пеам за нив и со нив”, вели Чолиќ.

ALEN NНа самиот старт од тричасовниот концерт како загревање на атмосферата, на сцената ќе се појави младиот Ален Хасановиќ кој го запознавме преку балканското тв шоу “Ѕвездите на Гранд”. Не заборавајте, вратите на стадионот “Билјанини извори” во Охрид ќе бидат отворени во 20 часот, а концертот е најавен за 21 часот. Билетите чинат 500 денари. Доколку сакате одличен продолжен викенд, ова е одличен предлог за стартување на последниот месец од летото 2015-та.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: