Жељко Бебек ќе одржи концерт во Охрид

После најавените Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Екипа, Авалон продукција потврди уште едно големо име кое доаѓа во Антички во Охрид, во последиот квартал на ова лето.

Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, два речиси распродадени концерти во Македонската филхармонија беа откажани, а кои требаше да се одржат на крајот од месец март, овој пат ќе одржи свој концерт на 21-ви август во Охрид на отворено.

Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Античкиот театар, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од “Sanjao sam noćas da te nemam”, “Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš”, “Selma”, “Ima neka tajna veza”, “Doživjeti stotu”…, потоа “Oprosti mi što te volim”, “Laku noć, svirači”…, па се до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јули во 9 часот наутро, а од четврток и во Avalon Music and Ticket store во ГТЦ и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава по следниве цени и категории:

-Трибини – 1.000 денари,

-ВИП билети – 1.500 денари.

Потсетуваме дека капацитетот на Антички ќе биде намален за 50 %, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, а во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.

Сите оние што сè уште ги чуваат билетите за концертите во Македонската филхармонија, ќе може да го гледаат Бебек во Охрид open air со истите влезници, заменети за ВИП влезници. Доколку не ви одговара охридскиот термин, со истите билети ќе може да го гледате Бебек во Скопје во Македонската филхармонија, во февруари 2021 година.

Повеќе на Музика24...