Во прв ред

Жељко Бебек на јубилејната турнеја ќе одржи концерт во Битола

Легендарниот Жељко Бебебк во рамки на својата јубилејна турнеја по повод 50 години кариера ќе одржи концерт во Битола. Концертот ќе се одржи на 17-ти Јули на Ракометно Игралиште.

Жељко Бебек со неговиот бенд во живо ќе ги отпее безвременските хитови како „Sanjao sam noćas da te nemam”, “Selma”, “Ima neka tajna veza”, „Doživjeti stotu“, „Oprosti mi što te volim”, „Laku noć, svirači“ па се до актуелните песни од последниот албум на Бебек. Следната вечер, на 18-ти јули славеничката турнеја продолжува во Античкиот театар во Охрид.

Влезници можете да набавите на следните локации: продажната мрежа на Мк тикетс, ДИМПО тобако (Нов пазар, Ленски мост, Грозд) и Tobacco Brothers (Широк Сокак). А секако и онлајн на mktickets.mk.

Можеби ќе ве интересира: