Во прв ред

Смеа, сатира и забава: “Златна Бубамара на популарноста” во духот на спомените

“Смеете да се смеете” беше главното мото на манифестацијата која долги години опстојува како таква па така и овој пат заедно со Ранко Петровиќ приредија забава која беше за паметење. Главна поента, како и секоја година, беше хуморот каде незаменливиот Сашко Коцев ја доведе публиката во т.н. “транс” од солзи и смеа, но тоа не беше се додека во стилот на прислушкувањето се соблече како доказ дека и некој од нас треба внимателно да испита кој кого прислушкува.

Како прва награда за Откритие на годината беше 13 годишниот ангелски глас Трајче Георгиев кој јавно се заблагодари за поддршката и уште еднаш ја покажа неговата скромност со кој ги разнежни срцата на цела публика посебно на помладата. Но, тука се издвоија како награда за Животно дело и трајни вредности триото од групата “Македонија” каде ги изведоа најубавите балади меѓу кој и легендарната “Галебе мој тажен”.

Воедно забавата продолжи како што и започна, па феноменалниот Сашко Коцев препознатлив по своите комедии, додаде уште еден мал зачин во неговиот хумор како од политичка гледна точка така и за секојдневието од кој сме опкружени. А во продолжение ќе ви приложиме и наградите кој беа доделени од страна на Златна Бубамара за оваа година:

  • Актер на годината е Александар Микиќ, а актерка Дарија Ризова.
  • За најгледана претстава беше прогласена “Стјуардеси” на режисерот Синиша Ефтимов од Театарот “Комедија”.
  • Сатиричната “Коза ностра” за најпопуларна веб-страна, а за најдобра емисија за хумор и сатира е прогласена “Зевзекманија”.
  • Наградата “Ин мемориам” ја добија поранешните членови на шоуто К-15.
  • Награда за животно дело му беше доделена на балканскиот поп пејач Дино Мерлин кој со посебно задоволство се одзва на наградата и потенцираше дека секогаш се чувствува посебно кога се работи за Македонија.
  • Награда за труба на годината беше прогласен феноменалниот изведувач Џамбо Агушев кој лично ја посвети наградата на својот чичко Кочо Агушев каде заедно со Тумбао Салса Бенд изведе прекрасна латино композиција.
  • Награда за “Позитив на денот” доби познатиот камионџија Андруш Ангелковски кој со задоволство ја изведе заедно со Наум Петрески “Оди ѕвездо”.
  • Награда за хит на годината доби Тамара Тодевска за композцијата “Тажна љубов среќна песна” доделена од нејзниот внук Вук.

А за крајот да биде уште поубав Даниел Кајмакоски заедно со Тамара Тодевска изведоа заедничка композиција кој ги остави сите без зборови. Со ова покажа дека Златна Бубамара е бренд на интернационално ниво.

Фотографиите се превземени од: Нетпрес

Можеби ќе ве интересира: