Златна Буба мара на популарноста на 27-ми февруари

Како што дознава музичкиот портал Музика24, и оваа година традиционално ќе се оддржи долго очекуваната музичко-забавна манифестација “Златна Буба мара на популарноста”. 23-то издание ќе биде под мотото: “Нема правда, има Бубамара”.

Што велат, пак, од штабот на оваа популарна манифестација, прочитајте во продолжение:

“Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари – “Нема правда, има Бубамара”. Имаме милион и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски ѕвезди. Нашиот бројчаник врти напред, а кај некои други од позади. Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК! Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво. Рочиштето е закажано во четврток 27 февруари во арена “Борис Трајковски”. Нема правда, нема пара, ама има Бубамара”, велат од штабот.

Повеќе на Музика24...