Во прв ред

Зостер на “True Sound Of Kamenica 2015” фестивал во Македонска Каменица

Босанскиот бенд Зостер ќе настапат на втората вечер од музичкиот фестивал “True Sound Of Kamenica 2015” во Македонска Каменица. Еден од највлијателените бендови на Балканот ќе имаат целовечерен концерт на 4-ти јули и со нивниот настап ќе биде затворено второто фестивалско издание. Покрај мегахитовите “Ко је јамио”, “Банана стејт”, “Аста мањана либерта”, “Утопија”, “Волио сам те” и други, Зостер ќе изведат и неколку нови нумери од нивниот последен албум.

Атмосферата пред концертот на Зостер ќе ја загреат македонските хип хоп изведувачи LD Pistolero и Tonyo San. Промотивниот пакет дводневни фестивалски влезници е пуштен во продажба по цена од 200 денари, а влезници може да се купат во просториите на Културно-информативниот центар “Романса” во Македонска Каменица и на влез на фестивалот. “True Sound Of Kamenica 2015” е поддржан од општина Македонска Каменица и од Рудник “Саса”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: