Во прв ред

Ѕвездите од “X Factor Adria” го “запалија” Кратово

Вчеравечер градскиот плоштад беше претесен да ги собере кратовчани и сите оние кои сакаа да бидат дел од големата музичка манифестација која по вторпат се случува во градот на кулите и мостовите “Златни денови 2015”. Вечерта започна со фолк изведувачите кои во чест на фолк легендата Јонче Христовски на сцената ги пееја сите негови познати хитови, за потоа забавата да продолжи со настапот на познатата поп група “Куку Леле”.

Zlatni denovi KratovoВеднаш по познатата поп група, на сцената се појавија ѕвездите од познатото регионално тв шоу “X Factor”. Боби Мојсовски, Давид Темелков, Најн Контрол беа музичките имиња кои ја кренаа публиката на нозе и расположението го доведоа до максимум. Познати светски песни кои ги изведуваа на сцената во Белград, присутните имаа привлегија да ги слушнат и лично да се уверат во нивните музички таленти и гласовни можности.

Zlatni denovi KratovoДаниел Кајмакоски беше последната музичка ѕвезда која што настапи на првата вечер од второто издание на “Златни денови 2015” во Кратово. Вечерва на сцената ќе настапат Чалгија Саунд Систем, Елена Ристеска, како и ѕвездата на вечерта познатиот балакнски рокер Бајага. Забавата продолжува и денеска, а истата се случува и одржува со разни музички манифестации низ целиот град во текот на денот. Незаборавајте, манифестацијата започнува во 20.30 часот, а истата доколку не сте во можност да присуствувате во Кратово, можете преку тв пренос да ја следите во живо на Сите 3 Телевизија.

За Музика24 од Кратово: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: