За само некој миг, поточно, во 20.30 часот на градскиот плоштад во Кратово започнуваат вторите по ред “Златните денови”, кои оваа година за разлика од изминатата ја надминува бројкатата како на посетеност, така и на преполнетост на сите туристички места во овој убав македонски град. Вечерта започнува со дел од македонската музичка фолк елита: Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Блага Петревска, Атина Апостолова… како и многу други кои ќе на сцената ќе исполнат дел од песните на легендарниот и надалеку познат македонски фолк изведувач Јонче Христовски.
По минутите предвидени за фолк музика, забавата продолжува со познатата македонска поп група “Куку Леле” кои на сцената од 21.45 часот до 22.45, односно еден час, ќе ја забавува кратовската публика која е дел од оваа голема музичка манифестација како и тв гледачите на Сител 3 Телевизија.
Еден час подоцна настапуваат Ѕвездите од Х-Фактор 2015 (Давид Темелков, Боби Мојсоски и Најт Контрол), а вечерта која овој пат ќе трае дооолго, до раните утрински часови, ќе ја завршат познати Ди-Џеи кои ќе ја забавуваат присутната публика. Забавата продолжува и во текот на утрешниот ден.
За Музика24 од Кратово: Иван Јосимовски