Боби Браун поранешен сопруг на покојната пејачка Витни Хјустон, осуден е на 55 дена затвор заради пребро возење во алкохолизирана состојба. Казната му е изречена по третото апсење од март лани досега. Браун доби и четири години условна казна и наредба да заврши 18-месечна програма за одвикнување од алкохол. Во затвор ќе оди на 20 март и во меѓувреме ќе мора трипати неделно да оди на состаноци за лекување од алкохолизам.
Подготви: Алаксандра Блажевска