World Music

5 години по смртта на Принс ќе биде објавен неговиот албум „Welcome 2 America“ (Видео)

Пет години по смртта на легендарниот Принс, „Сони“ објави дека неговиот албум „Welcome 2 America“, кој се сметаше за загубен, ќе излезе на 30-ти јули оваа година. Албумот е снимен во 2010 година, а е пронајден во студиото на поп-пејачот во Минеаполис. Наводно таму се наоѓаат голем број демо-снимки, незавршени песни и снимки од настапи во живо.

Се работи за 12 песни кои ќе бидат објавени на винил и ЦД. Албумот зборува за расните односи, политичката поделба и социјалната правда, а Принс за албумот од 2010 година рече: „Светот е исполнет со дезинформации. Ова е визијата на Џорџ Орвел. Треба да останеме цврсти во верата, во времето што доаѓа“. Покрај албумот, ќе биде објавен и неговиот концерт во Лос Анџелес од 2011 година.

Принс почина на свои 57 години на 21-ви април 2016.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: