World Music

60 необјавени снимки од Битлси дел од новата документарна серија за бендот (Видео)

Дизни го објави првиот трејлер за документарната серија од три дела наречена „Beatles: Get Back“, за членовите на групата „Битлси“. Овој документарец ќе се состои целосно од досега невидени и обновени снимки и ќе ги врати фановите во 1969 година. Гледачите ќе можат да видат како „Битлси“ се обидоа да снимат 14 нови песни и да го подготват својот прв концерт во живо по повеќе од две години.

Серијата од три дела се состои од преку 60 оригинални снимки и повеќе од 150 часа звук кои досега не беа достапни за јавноста, а повеќето од нив беа заклучени во трезор повеќе од половина век. Документарната серија ја прикажува последната изведба на „Битлси“ за прв пат во целост. Концертот се одржа во лондонскиот Савил Роу. Вклучува и песни и класични композиции на последните два албума на бендот, „Abbey Road“ и „Let It Be“.

Епизодите премиерно ќе бидат прикажани на платформата Дизни + на 25-ти, 26-ти и 27-ми ноември.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....