Двете музички ѕвезди соработуваа на новиот албум на Адел, и тоа на уште една драматична балада со наслов “All I Ask”. Како што се ближи објавувањето на албумот “25”, така сите се заинтересирани за откривање на што повеќе детали за новите песни кои ги сними Адел. Фановите посебно ги заинтересира песната “All I Ask”, која Адел ја напиша во соработка со Бруно Марс.
“Никогаш така не сум пеела”, открила Адел во интервју за “Rolling Stone”.
“Никогаш не сум пеела толку високо, Беше забавно, бидејќи Бруно беше со мене во студио, исто така пеејќи високи тонови заедно со мене”, додала пејачката.
Интересно е тоа што Бруно и Адел планираа да напишат брза песна, но кога таа почнала да пее со својот раскошен глас, им станало јасно дека е тоа совршена балада. Албумот на Adele „25“, прв после албумот „21“ објавен 2011, официјално ќе биде објавен на 20 ноември.
Подготви: Редакција на Музика24