World Music

Адел поставува неверојатни рекорди со новиот албум “25”

Adele со новиот албум “25” поставува вртоглави рекорди. Албумот, издаден на 20-ти ноември, за само 24 часа од објавувањето во Америка е продаден во над 900.000 примероци, а во првите два дена во над 1.4 милиони примероци. Над 60% од овие цифри се однесуваат на дигиталните копии (околу 1.1 милион примероци), соопшти Билборд. Согласно темпото на продажбата се очекува неделава албумот во Америка да се продаде во 2.5 милиони примероци.

Одлична продажба “25” има и во Велика Британија каде во првиот ден забележа тираж од над 300.000 примероци, а се очекува дека Adele ќе ги симне од вечната листа Oasis чиј албум “Be Here Now” од 1997 имаше тираж од над 695.000 примероци.

За ваквата продажба придонесе и едночасовната специјална емисија на BBC, “Adele at the BBC” во која пејачката го покажа својот талент на комичарка, појавувајќи се меѓу имитаторките. Скечот досега забележа над 22 милиони прегледи. Следејќи ја Taylor Swift, Adele одлучи албумот да не биде објавен на стриминг сервисите како Spotify, туку само на iTunes.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: