World Music

Албумот на британската пејачка Адел годинава со сите можни рекорди

Пејачката Адел го има најпродаваниот музички албум на годината. Нејзиниот повратнички албум насловен „30“ е продаден во 500.000 примероци за само два дена, а собори рекорди во физички и дигитални изданија. „30“ е воедно и најпродаваниот винил албум оваа година.

Веднаш по објавувањето на албумот беше јасно дека тој ќе собори рекорди, а Адел целосно го засени повратничкиот албум на групата „ABBA“.

Првиот сингл од албумот, „Easy On Me“, собори рекорди на YouTube и на останатите стриминг сервиси. Спотот за песната беше прегледан 51 милион пати за 24 часа и за само еден ден го достигна врвот на трендовите во голем дел од светот. „Easy On Me“ моментално има над 210 милиони прегледи.

Снимањето на албумот „30“ започнало пред 3 години, откри Адел во една прилика, во време кога нејзиниот живот бил „лавиринт од апсолутен неред и внатрешни превирања“.

Со оглед на тоа што Адел има продадено милиони албуми и има освоено голем број награди, вклучувајќи Оскар и 15 Греми награди, албумот „30“ беше најочекуваното издание оваа година.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....