World Music

“Animals” на групата Марун 5 доби провокативно видео (Видео)

Марун 5 го промовираа видеото за песната “Animals”, во кое главните улоги ги толкуваат пејачот Адам Левин и неговата сопруга Бехати Принсло, инаку модел на Victoria’s Secret. Левин и Принсло имаат доста жешки сцени во видеото. Левин во видеото толкува лик кој е опседнат со девојка која ја следи наоколу и фантазира за неа. Песната “Animals” е втор сингл од албумот “V” кој во продажба излезе кон крајот на август.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: