World Music

Avicii добива музеј во Стокхолм (Фото)

Стокхолм, кој веќе е светска престолнина на поп-музичкото наследство со музеј посветен на ABBA, сега е на пат да стане омилена дестинација на љубителите на електронската музика поради музејот посветен на шведскиот диџеј Avicii.

Речиси четири години по смртта на диџеј суперѕвездата, градот се подготвува за отворање на Avicii Experience на 26 февруари, интерактивен музеј посветен на електронската суперѕвезда, чие вистинско име е Тим Берглинг. Изложбата ќе содржи фотографии, видеа, лични предмети и досега необјавена музика и ќе се обиде да ја раскаже приказната за тоа како Avicii стана ѕвезда на оваа сцена.

Кураторите велат дека Avicii Experience ќе го следи животот на Берглинг „од повлечената музичка бубалица до прославена суперѕвезда, од собата на неговото детство, каде што сè започна, до студиата во Лос Анџелес каде се направени најголемите хитови.

Освен музејот, тој ќе добие споменик во луксузниот кварт Остермалм, каде Берглинг е роден, израснат и посетувал училиште. Тим Берглинг, познат по хитовите „Levels“, „Sunshine“ и „Wake Me Up“, се самоуби во Оман во април 2018 година на 28-годишна возраст. Тој престана да настапува во живо во 2016 година, но продолжи да снима музика и да работи како продуцент.

Фото: aviciiexperience.com/Johanna Pettersson

Можеби ќе ве интересира: