World Music

Бијонсе побогата за 50 милиони долари, а кој не би сакал

Американската поп дива, потпишала договор со компанијата “Пепси” вреден 50 милиони долари. Бијонсе ќе настапи на полувремето од спектаклот “Супер топка” во фебруари 2013-та година.  Таа потпиша повеќе годишен договор со “Пепси”, истовремено ќе биде амбасадорка на брендот и ќе се појавува во новата “Пепси” реклама која ќе биде прикажана во текот на “Супер топка”. А исто така нејзиниот лик ќе се појави на ограничени број на лименки на Пепси.

“Пепси подржува креативност и разбира дека денешните уметници се повеќе и повеќе напредуваат. Како деловна жена, овој договор ќе ми овозможи да работам со голема компанија и притоа да не ја уништувам својата креативност”, изјавила Бијонсе. Инаку, таа со компанијата “Пепси” соработува од 2002-та година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: