По повод новата турнеја “Mrs. Carter Show”, која започнува наскоро, Бијонсе направила фотосесија во која позира облечена како кралица со златни долги нокти и круна на главата. На фотографиите највпечатливи се ноктите кои чинат околу 300 евра. Нив ги дизајнирала мејк-ап артистката Холи Силиус заедно со дизајнерката на накит Хана Варнер.
Овие две креативни дами, исто така, имаат соработувано и со Ријана. Инаку, Бијонсе после цели три години повторно стартува со светска турнеја. Своето ново шоу најпрвин ќе и го претстави на публиката во Белград на 15 април, додека пак на 17-ти настапува во Загреб.
Подготви: Редакција на Музика24