World Music

Бјорн Улвеус ја отфрла идејата за снимање биографски филм за „АББА“

Шведската поп-група „АББА“ ја отфрли идејата за биографски филм додека се уште живи. Еден од четворицата членови, Бјорн Улвеус инсистира на тоа дека не би сакал некој глумец да го игра на големото платно во филм како „Боемска рапсодија“ на „Квин“ или „Рокетмен“ на Сер Елтон Џон, а се сомнева дека тоа би го сториле и неговите колеги од групата.

„Бени, Агнета и Фрида, мислам дека исто така не би го посакале тоа, јас секако знам дека не би сакал актер да ме глуми. Не додека сум жив“, вели Бјорн

„АББА“ наскоро, по речиси 40 години пауза ќе објават дури пет нови песни. Само за две од нив се објавени и насловите: „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....