Како што вели фронтменот на “Black Sabbath” – Ozzy Osbourne, оваа година оваа група ќе го сними својот последен и финален албум во својата кариера, а од 2016-та заминуваат на голема турнеја. Тој им порача на фановите да бидат трпеливи, а на прес-конференцијата за фестивалот “Monsters of Rock”, Osbourne вели:
““Планот е следната година да го направиме последниот албум на бендот и да заминеме на турнеја”, изјави фронтменот на оваа позната светска група. Но и покрај оваа изјава, тој додаде дека плановите може да се променат.
“Сите живееме во различни земји, некои од нас сакаат да работат, а некои не сакаат. Но, ќе заминеме на уште една заедничка турнеја”, додаде Osbourne.
Подготви: Александра Блажевска