World Music

Боб Дилан наскоро ќе објави нов концертен албум

Познатиот американски кантавтор Боб Дилан најави дека на 2 јуни ќе го објави концертниот албум „Кралство во сенка“ („Shadow Kingdom“) со песни од истоимениот концертен филм од 2021 година.

Албумот го прикажува Дилан кој изведува верзии на песни од 21-от век од неговиот обемен и исклучително богат репертоар, вклучувајќи ги омилените на обожавателите „Секогаш млад“ („Forever Young“) и „Се е готово, Бејби блу“ („It’s All Over Now, Baby Blue“), како и скапоцените „Кралицата Џејн“ („Queen Jane“) и „Злобниот гласник“ („The Wicked Messenger“), се наведува на веб-страницата на музичарот.

Еден од највлијателните автори на популарна музика, поет и добитник на Нобеловата награда за литература, чија кариера трае повеќе од шест децении, најави дека на 6 јуни на интернет ќе се појави и филмот „Кралство во сенка“ на режисерката Алма Харел.

Филмот е снимен на сцената во Санта Моника, кога заради пандемијата со коронавирус накратко ја прекина турнејата, а Дилан придружуван од пратечки вокали изведува 13 песни од првиот дел од својата кариера.

Дилан најави и дека во рамки на турнејата „Rough And Rowdy Ways“ доаѓа во Европа на серија концерти, почнувајќи од Порто на 2 јуни, преку Сан Себастијан, Мадрид, Монтре, Марсеј, Милано и други градови, до Рим на 9 јули.

Можеби ќе ве интересира: