World Music

Британски истражувачи тврдат дека заради оваа песна е намален бројот на самоубиства (Видео)

Песната е поврзана со зголемениот број на повици на телефонската линија за превенција на самоубиства. Новата студија на Британската медицинска асоцијација објави дека песната на американскиот рапер Лоџик „1-800-273-8255“ ги спасува животите на младите. Односно, зголемен бројот на повици на нивната телефонска линија за превенција од самоубиства откако е објавена песната, а со тоа се намалил и бројот на самоубиства кај тинејџерите.

„I don’t wanna be alive“, рефрен кој стана тренд на TikTok, можеби не ветува позитивен исход, но песната е окарактеризирана како позитивно влијателна. Освен на TikTok, успешно помина и на YouTube, каде досега има 431 милион прегледи.

Песната беше објавена во 2017 година, а набргу потоа организацијата забележа голем пораст на бројот на повици на нивната линија – зголемување од 50%. Дополнително, студијата уште порано откри дека стапката на самоубиства кај младите од 10-19 години е намалена за 5,5%, односно во таа година биле забележани 245 самоубиства помалку. Заклучокот е дека песната се поврзува со зголемен број телефонски повици. Стапката на самоубиства беше помала во време кога песната беше најозборувана на социјалните мрежи.

“Знаејќи дека музиката влијае на животот на луѓето ме инспирираше да ја снимам оваа песна. Сакавме да им помогнеме на луѓето. А тоа што го постигнавме ме воодушеви”, изјави Лоџик за Си-Ен-Ен.

Песната е снимена во соработка со Алесија Кара и Калид, а на неа се прикажани музичари кои се борат со депресија и желба да умрат.

„Болката не боли исто, знам / Патот на кој одиш изгледа осамен“, пее Калид, но Лоџик им ветува на фановите во песната дека доаѓаат подобри денови: „Не мора да умреш, дозволете ми да објаснам. Леснотијата е во воздухот, кога си рака под рака со љубовникот“. Кара во своето дело советува „Издржи, иако патот е долг, има светлина и кога е најтемно“.

Можеби ќе ве интересира: