World Music

Бритни Спирс се уште не е подготвена да се врати на музичката кариера

Бритни Спирс навести дека не е подготвена да и се врати на музичката кариера по 13 години старателство, дека не може да носи деловни одлуки и истакна дека се плаши од шоу-бизнисот.

Спирс, која беше ослободена од старателството на нејзиниот татко минатиот месец, во опширната објава на Инстаграм во понеделникот рече дека во 2022 година сака „да напредува и да прави работи што ја плашат, но не до тој степен“.

„Претпоставувам дека на повеќето им изгледа чудно што повеќе не ни пуштам музика… Луѓето немаат поим какви ужасни работи ми направиле лично. После се што поминав, се плашам од луѓето и (таа) работа!!!“, напиша Спирс, која последен пат јавно настапи во октомври 2018 година.

„Со тоа што не ги изведувам моите песни, велам: „Е*е те се“. Во смисла дека занемарувањето на мојата вистинска работа е само од корист на моето семејство. Како потсвесно да им дозволив да победат“, додаде таа. Спирс, која е свршена со Сем Асгари, претходно оваа година се пожалила на судијата задолжен за нејзиниот случај дека ја контролирал нејзиниот татко, кој донесувал деловни одлуки за неа.

На Џејми Спирс му беше одземено старателството на Бритни во септември. Тој рече дека неговата единствена цел била да и помогне на својата ќерка да ја обнови кариерата откако доживеа ментален слом во 2007 година и дека секогаш донесувал одлуки во нејзин најдобар интерес.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....