World Music

Бруно Марс ќе пее на Супер Боул следната година

Бруно Марс ја презема штафетата од Бијонсе и ќе пее на полувреме во финалето на Супер Боул во Њу Џерси следната година, јавуваат американските медиуми. Пејачот ќе се качи на сцената на “Метлајф” стадионот на 2-ри февруари 2014 година, за да настапи на најголемото шоу во неговата кариера досега.

Тој ја потврди веста вчера за Fox NFL Sunday. Бијонсе постигна полн погодок на минатогодишното шоу за Супер Боул во Њу Орлеанс, Луизијана. На концертот таа излезе на сцената со нејзината поранешна група Дестинис Чајлд и направи вистински музички спектакл.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: