World Music

Брус Спрингстин ги одложи сите концерти поради здравствени проблеми

Брус Спрингстин ги одложи сите концерти закажани за оваа година. Поп-рок легендата имал чир на желудникот.

„Брус Спрингстин полека заздравува по дијагностицирањето чир на желудникот. Закрепнувањето ќе продолжи под медицински надзор до крајот на оваа година. Имајќи го ова на ум и поради потребната претпазливост, сите преостанати настапи во рамките на турнејата на Спрингстин и на „Е-стрит бенд“ за 2023 година ќе бидат одложени за 2024 година“, беше објавено на неговата официјална веб-страница.

„Сите концерти ќе се одржат на закажаните места, а кога ќе бидат објавени новите датуми, оние што купиле влезници, имаат рок од 30 дена да побараат враќање на парите. Сите билети за одложените концерти ќе важат и за новообјавените термини“, се додава во соопштението за фановите.

Музичарот првично ги одложи концертите за септември, но се чини дека ќе му треба повеќе време да закрепне од болеста. Турнејата што ја почна во Северна Америка минатиот месец требаше да трае до средината на декември.

Можеби ќе ве интересира: