World Music

“Clean Bandit” снимија видео спот со смарт мобилни телефони?! (Видео)

Познатиот британски бенд “Clean Bandit”, заедно со Мајкрософт и полските видео блогери, користејќи 50 смарт телефони Мајкрософт Лумиа, снимија видео спот за “Stronger”. Режисер на видео спотот се Влодек Марковиц и Карол Пациорек, полското дуо чие шоу “Lekko Stroniczy” е огромен хит на You Tube.

Режисерскиот двоец објави и документарен филм за снимањето на видео записот, составен од 3 дела, со цел да ги прикажат сите детали и занимливости за овој необичен спот.

Инаку, “Stronger“ е осми сингл за групата, а воедно и втор од претстојното специјално ре-издание на деби албумот “New Eyes”, најавено со хитот “Real Love” во соработка со Џес Глин, која ја отпеа и со Греми наградената “Rather Be”. Балканската публика ќе има можност да ужива со “Stronger”, како и другите хитови на оваа група, во Нови Сад во Србија, бидејќи бендот го потврди настапот на јубилејното 15-то издание на фестивалот “Егзит”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: