World Music

Членови на познат американски бенд се степаа среде концерт (Видео)

Бендот „Brian Jonestown Massacre“ го откажаа остатокот од својата австралиска турнеја откако на сцената изби тепачка меѓу членовите на групата во текот на нивниот настап во Мелбурн.

Концертот на американскиот бенд во вторникот вечерта ненадејно заврши по само шест песни по жестока размена на тупаници меѓу основачкиот член Антон Њукомб и гитаристот Рајан ван Криед. Тие требало да изведат уште еден распродаден концерт во средата навечер во „Театар Ројал“во Каслмејн, пишува „Дејли мејл“.

Обожавателите во вторникот вечерта шокирани гледаа како пејачот Антон Њукомб и гитаристот Рајан ван Криед се тепаат на сцената на Форумот пред да се срушат еден врз друг на земја. На едно вирално видео споделено на социјалните мрежи се гледа како Ван Криед го удира Њукомб и дуото потоа се бркаат по бината пред и двајцата да завршат на земја, каде што се бореле и уште малку се расправале.

Обезбедувањето на салата потоа излета на сцената во очајнички обид да ја прекине тепачката. Како што пишува „Сиднеј морнинг хералд “, Њукомб го започнал концертот тврдејќи дека претходно истиот ден му се заканувале со нож и дека бил изморен и емотивен поради инцидентот.

„Потрошив поголем дел од гласот што сакав да ви го дадам. За жал, на овој ден, сè што можам да ви дадам е сѐ што имам“, им рече тој на толпата. Изданието тврди дека рокерот упатувал навреди кон публиката во текот на шоуто, по што на Ван Криед конечно да му биде доста. Ван Криед потоа замавнува кон фронтменот, пред да го брка преку бината и да го фрли на земја.

Обожавателите на бендот споделија клипови од тепачката на Икс и Инстаграм, а еден од нив напиша: „Драматичен крај на шоуто за масакрот на Брајан Џонстоун во Мелбурн вечерва“. Друг објави: „Свирката за масакрот на Брајан Џонстоун на Форумот Мелбурн вечерва заврши навистина апсурдно. Што и да се случи, секогаш ќе ја сакам нивната музика и ќе ти посакувам добро Антон“.

Њукомб често зборувал за неговите борби со дрога и злоупотреба на супстанции во текот на годините. Во 2014 година, тој се отвори за „Louder than War“ за своите проблеми, велејќи: „Се откажав од хероинот во 2000 година и беа потребни многу, многу обиди. Пиењето помогна, а тоа доведе до сериозен проблем со алкохолот кој за малку ќе ме убиеше“.

„The Brian Jonestown Massacre“ формиран во 1990 година во Сан Франциско и опстојува како еден од најпопуларните инди рок бендови во последните три децении и покрај тоа што никогаш не постигнале мејнстрим успех.

Можеби ќе ве интересира: