World Music

Coldplay: Нашата последна вистинска плоча ќе излезе во 2025

Coldplay ќе престане да снима музика како бенд во 2025 година, изјави фронтменот на бендот Крис Мартин.Мартин оваа изјава ја даде на британското Radio 2.

„Нашата последна вистинска плоча ќе излезе во 2025 година и мислам дека само ќе одржуваме концерти после тоа“, рече Мартин.

„Можеби ќе правиме некои работи заедно со други уметници, но музичкиот каталог на Coldplay како таков завршува тогаш“, посочува пејачот.

Забелешките на Мартин се во согласност со она што го кажа кога излезе деветтиот албум на бендот, “Music Of The Spheres”, кој дебитираше на првото место на топ листите претходно оваа година. Во октомври, Мартин рече дека бендот планира да сними вкупно 12 албуми (уште три) и потоа да престане.

Неодамна во интервју за BBC, Мартин изјави дека за неговата следна турнеја бендот ќе користи дел од електричната енергија од подиумот за танцување, кој генерира струја кога обожавателите ќе скокнат на него.

Ова е дел од планот од 12 точки за намалување на јаглеродниот отпечаток на бендот, две години откако Coldplay објавија дека нема да настапуваат додека не најдат начини да го направат тоа на поодржлив начин, пишува BBC.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....