World Music

Дали ја препознавате? Пејачка чии живот трагично згасна

Британската пејачка Ејми Вајнхаус беше гласот на својата генерација, но за жал не успеа да остане на врвот на музичката сцена, на кој во еден момент беше позиционирана. На социјалните мрежи поставени се фотографии од пејачката од нејзиното рано детство, кои фановите најверојатно никогаш не ги виделе. Како што пренесуваат медиумите Ејми уште како девојче имала суицидни мисли, што е напишано и во книгата “Ејми Вајнхаус: Нераскажаните приказни”, дело на Клои Гован.

Amy WinehouseСпоред информациите кои ги имала Клои, Ејми се обидела да се убие откако нејзиниот татко Мич Вајнхаус ја оставил нејзината мајка Џенис. Ејми не можела да го преболи разводот на своите родители, па поради тоа се предозирала со таблети.

Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година, на 27 години во Лондон, од труење од алкохол. Таа е уште еден член на познатиот клуб “27“, односно музичари кои починале во 27-та година од животот.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: