World Music

“Депеш моуд” го престави првиот сингл од новиот албум (Видео)

“Where’s the Revolution?” е првиот сингл со кој “Депеш моуд” го најавува својот 14-ти по ред, студиски албум “Spirit”, закажан за 17-ти март. Темата денеска ја доби и својата официјална екранизација, каде што лидерот на бендот Дејв Гахан, е во улога на “диригент” на револуцијата, а како изгледа сето тоа можете да погледнете подолу.

Материјалот од овој нов албум групата ќе го промовира и во рамките на истоимената европка турнеја, која ќе започне на 5-ти мај во Стокхолм, а ќе продолжи во Љубљана, Париз, Берлин, Дизелдорф, Лондон, Варшава, Рим, Келн, Минхен, Милано, Болоња, Москва, Минск… Досега се закажани вкупно 35 концерти, меѓу кои најблиску до нас (засега) е оној во Атина, соседна Грција, кој ќе се одржи на 17-ти мај.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: