World Music

“Depeche Mode” пристигнаа во Белград

Вчера околу 16 часот на белградскиот аеродром “Никола Тесла” со приватен авион пристигна англискиот состав. Припадничките на нивното обезбедување не ги дочекаа таму, но сепак, деновиве ќе се грижат за нивната безбедност. Веднаш по пристигнувањето членовите на мегапопуларниот бенд со четири комбиња биле пренесени во хотелот “Метропол” каде ќе бидат сместени за време на нивниот престој во Белград.

Организаторот на концертот најавува голем спектакл со оглед на фактот дека на целокупните подготовки за истиот работеле вкупно 75 луѓе. Во бекстејџот за бендот се обезбедени неколку простории одделно во кои има големи огледала. За крај, да се надеваме дека очекувањата ќе бидат исполнети и сите љубители на Депеш Мод ќе уживаат во нивната музика.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: