World Music

Доделени 55-те Grammy Awards награди

Вчера вечер во Лос Анџелес се одржаа 55-те Grammy Awards награди, каде меѓу главните добитници беа инди рок бендот Fun, австралискиот пејач Готје и британскиот фолк бенд Mumford & Sons. “We are young” на групата Fun беше прогласена за песна на годината, додека пак хитот на Готје “Somebody that i used to know” доби награда во категоријата за “Видео на годината”. Британскиот фолк бенд Mumford & Sons ја добија наградата за албум на година за албумот “Babel” Оваа награда на бендот ја додели познатата британска пеачка Адел, која минатата година освои шест греми награди.

Најголеми победници беа Блек Кис, кои од шест греми номинации тие добија четири. Инаку шоуто имаше чест да го отвори Тејлор Свифт со “We are never ever getting back together”, а на овогодинешното 55-то Греми издание на сцената настапија: Ед Ширан, Елтон Џон, Џастин Тимберлејк, Алиша Кис и Кери Андервуд. Стинг, Ријана и Бруно Марс му оддадоа почит на Боб Марли со своја изведба, а Ријана со синот на Марли, Зиги, ја отпеа “Could you be loved”. Во продолжение видете кои се доби Греми награда по категории:

  • Албум на годината – Mumford & Sons, “Babel”
  • Снимка на годината – Готје, “Somebody that i used to know
  • Песна на годината – Fun, “We are young”
  • Најдобар нов изведувач – Fun
  • Најдобра поп-песна – Adele, “Set fire to the rain”
  • Најдобра песна на дуо/бенд – Готје, “Somebody that i used to know”
  • Најдобар поп вокален албум – Кели Кларксон, “Stronger”
  • Најдобра рок-изведба – Блек кис, “Lonely Boy”
  • Најдобар рок-албум – Блек кис, “Ел Camino”
  • Најдобра рок-песна – Блек кис, “Lonely Boy”
  • Најдобар алтернативен албум – Готје, “Making Mirrors”
  • Најдобар денс/електронски албум – Скрилекс, “Bangarang”

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: