Познатиот рапер Дрејк објави нов албум „For All The Dogs“, а на него има песна во која спомнува Југословени!
Станува збор за песната „8AM in Charlotte“ во која тој го рапува следново:
„Where I go, you go, brother, we Yugoslavian”“, што во превод значи „Каде одам јас, ти оди брат, ние сме Југословени“.
Во оваа песна тој ја споменува и Чехословачка, велејќи дека „се чувствувам како Чехословак“.
Дрејк (36) откако го промовираше албумот објави дека има стомачен проблем поради кој треба да се повлече од сцената и да се посвети што повеќе на здравјето, но не прецизираше колку време ќе отсуствува. Тој само нагласи дека тоа мора да биде период од една година.