World Music

Дуа Липа е повторно сингл, раскина со манекенот Анвар Хадид (Фото)

Поп ѕвездата Дуа Липа раскина манекенот Анвар Хадид по двегодишна врска, иако неколку пати се обидоа да си ја спасат врската, објави магазинот „Пипл“.

Парот започна да живее заедно во септември 2019 година, три месеци откако почнаа да се забавуваат, изнајмувајќи стан во Њујорк, а за тоа време многупати раскинаа и се смирија. Неодамна се појавија гласини дека нивната врска е повторно во криза, но дека се обидуваат да ја спасат со разговор, а во еден момент дури решиле да одморат за да ја обноват љубовта.

„Минатиот месец двојката реши да ја стави врската во мирување, бидејќи нивните многубројни патувања и разделби почнаа да бидат пречка. Нивната врска поминува низ криза“, изјави извор близок до славната двојка. Засега нема одговор од медиумските претставници на пејачката. Таа го сними својот нов албум во Лондон и Лос Анџелес, додека Анвар беше сам во Њујорк со нивното куче Декстер.

Можеби ќе ве интересира: