World Music

Ед Ширан ја донира својата носена облека која сега е на продажба

Британскиот пејач Ед Ширан донирал повеќе од 440 парчиња од својата носена облека, вклучително и долна облека, во една хуманитарна продавница, а истата облека сега ја продава на E-bay, но фановите не се премногу воодушевени.

Како што пишува Дејли Мејл, фановите на почетокот биле среќни што можеле да ја купат облеката на Ширан, но набрзо некои муштерии почнале да ги предупредуваат другите дека дел од парчињата се покриени со влакна мачка, а некои се пожалиле на дамки.

Иако некои купувачи ја опишаа облеката како „одвратна“, некои сепак се подготвени да платат до 255 фунти или 293 евра за носената облека на Ширан.

Да потсетиме, Ед е познат љубител на мачки, а пред неколку години дури отвори и профил на Инстаграм за своите миленици. Во понудата се неговите маици, кошули, панталони, долна облека, футроли за очила, очила за сонце, чорапи и друго. Сепак, некои предмети се придружени со предупредување дека не се за носење, туку само за сувенири.

На пример, гаќичките Келвин Клајн на Ширан се продаваат по цена од 65,59 долари или 58,75 евра, а на страната пишува дека не се носат, а истата ситуација е и со уште еден пар гаќички кои се продаваат за 110 евра.

Исто така, обожавателите на Ед можат да ги купат неговите дуксери и шорцеви Версаче за 147 евра.

Можеби ќе ве интересира: