World Music

Еминем повторно дел од музичката сцена

Рап ѕвездата Еминем го направи своето долгоочекувано враќање во музиката со интроспективна балада , каде учествува и Бионсе. Со неа тој ќе биде на сцената на овогодинешните МТВ Европски музички награди вечерва.

Исто така, се очекува дека песната ќе биде објавена како деби сингл од неговиот следен деветти студиски албум, кој е негов прв од четири години. Во новото парче “Walk on water”, раперот е придружуван речиси целосно од пијано и гудачки инструменти, што е дефинитивно изненадувачко од енго. Со текстот “Богот на рапот” ја открива слабата страна, опишувајќи дека тој всушност е обичен човек, кој никогаш нема да го стигне нивото на легенди како Принс, Тупак и Џа Ноториус Биг.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: