World Music

Енергичен настап, нов сингл и многу позитивна енергија – Џенифер Лопез на Билборд (Видео)

Годините како за неа да застанале. И покрај тоа што е одана мајка на сопствените деца, таа сепак наоѓа време за да се погрижи и да посвети малку повеќе внимание за себе и своето тело. Џенифер Лопез, девојката која досега освен по музичката кариера, ја паметиме и по неколкуте филмски улоги, на овогодинешните доделувања на Билборд наградите се појави во секси црвена провокативна облека во која што веројатно се чувствуваше прекрасно, па сета своја енергија ја пренесе на публиката.

Таа со енергичен настап ја поткрена адмосферата во публиката со најновиот хит “Live it up”, а истовремено и докажа дека годините не и можат ништо. Погледнете го видеото во продолжение и погледнете какво шоу Лопез подготви за публиката и тв гледачите на Билборд 2013.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: