Некогашната британска поп ѕвезда Бони Тајлер ќе ја претставува Велика Британија на годинешниов фестивал за песна на Евровизија, што се одржува во Малме, во Шведска. Велшанката Тајлер, која во седумдесетите и осумдесетите години се прослави со неколку светски хитови, на Евровизија ке ја пее песната “Верувај ми” што за неа ја направи американскиот композитор Дезмонд Чајлд. Тој и порано има работено со Тајлер, а има компонирано песни за Бон Џови, за групата “Кис”. Овој американски автор правел песни и за Рики Мартин. Автори на текстот за британската евровизиска песна се Лорен Кристи и Кристофер Брајд. Бони Тајлер која сега има 61 година изјави дека е “почестена од одлуката” таа да ја претставува британската музика на фестивалот на Евровизија.
“Многу сум почестена и задоволна што јас ке ја претставувам Велика Британија во Шведска, изјави Тајлер, објаснувајки дека избраната песна е “многу убава”. Минатата година, британската музика ја претставуваше еден друг ветеран и поранешна поп ѕвезда, 76 годишниот Инглберт Хампердинк кој при гласањето во финалето доби само 12 гласови.
Подготви: Дениза Илиеска