World Music

Фустанот од месо на Лејди Гага заминува во музеј

Контроверзниот фустан од месо што Лејди Гага го носече на доделувањето на MTV музичките награди во 2010-та година, ќе биде изложен во музејот “Рокенрол хала на славните” во Кливленд. Според соопштението на музејот, фустанот ќе биде изложен меѓу останатите музејски експонати, до крајот на годинава.

Фустанот изработен од повеќе парчиња говедско месо е дело на дизајнерот, Франко Фернандез. Музјеот од Кливленд уште лани го купил фустанот, но досега го чувал во замрзнувач. Лејди Гага го носеше овој фустан кога ја прими наградата за спот на годината за песната “Bad Romance”.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: