World Music

Лејди Гага открива: Како мала бев силувана

Славната пејачка Лејди Гага ја отвори душата за јавноста за најстрашните моменти од нејзиниот живот. Таа открила дека на 19-годишна возраст била силувана од нејзиниот музички продуцент кој бил постар 20 години од неа.

“Не сакав да зборувам за тоа, ниту да признаам дека тоа се случи, ниту на самата себе. Со години одев на терапија. Сега можам да минам преку тие трауми, но бев како сенка на самата себе. Одев во католичко училиште, а потоа почнаа да се случуваат работи, и јас како да не знаев што тоа значи. Си мислев – вака се однесуваат возрасните, ова е шоубизнис”, открила пејачката, пренесува “Independent”. Таа исто така признала дека немала храброст да се соочи со него, бидејќи премногу се плашела.

“Никогаш не се соочив со него. Еднаш го сретнав во продавница и бев парализирана од страв. Дури сега, 10 години подоцна, можам нормално да се потсетам на тоа”, открила Гага.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: