World Music

Гитаристот Стив Морс и официјално го напушти „Deep Purple“

„Deep Purple“  објави дека Стив Морс ќе се повлече од бендот, после повеќе од четвртина век како гитарист на култниот рок состав. Неговиот последен настап беше во февруари во Флорида.

Личните околности на Стив му оневозможија да се посвети на распоредот на бендот во текот на 2022 година и понатаму. Пред неколку месеци, Стив отворено го сподели со обожавателите на бендот тажниот факт дека неговата сопруга Џенин се бори со канцер и според неговите зборови, „едноставно морам да бидам таму со неа“.

Откако му се придружи на бендот во 1994 година, Стив напиша и сними осум студиски албуми со бендот.

Минатата есен, ненадејно ја напуштив сесијата за пишување во Германија, бидејќи мојата сопруга имаше вистинска медицинска криза. Речиси една година подоцна, учиме да го прифаќаме агресивниот карцином во фаза 4 и хемотретман до крајот на нејзиниот живот. И на двајцата ни недостига да бидеме на концертите но едноставно не можев да се посветам на долги или далечни турнеи, бидејќи работите можат брзо да се променат дома. Минатата есен предложив да се најде замена за гитарист, надевајќи се дека ќе го видиме чудесниот лек за ракот за кој сите сме слушнале.

За заминувањето на Морс се огласи и фронтменот на бендот, Иан Гилан.

Стив има наследство со „Deep Purple“ кое никогаш не може да се заборави, а таа насмевка ќе ми недостига. Би било погрешно да се коментираат неговите лични околности, доволно е да се каже дека е на лошо место во моментов, но се справува со тоа храбро и најдобро што може. сите се восхитуваме на неговата посветеност, тој цел живот е силен семеен човек. Сето ова дојде во ужасно време за сите, вклучително и за другите музичари во „Deep Purple“. По две години пауза поради карантините насекаде, моравме да се вратиме на она што го работиме, а тоа е да настапуваме во живо низ светот и да правиме музика на начинот на кој секогаш правевме, од 1968 година. Како што старееме, сфаќаме дека сме многу поблиску до крајот, а тоа предизвикува итност што нема да се скроти.

Морс има најдолг стаж како гитарист од кој било гитарист на бендот а воедно е дел од најдолговечната непроменета постава, која се формираше кога Дон Ери го замени Џон Лорд кој се пензионираше во 2002 година.

Можеби ќе ве интересира: